skip to Main Content

Кривична за 20- годишно момче за трговија со кокаин

    2
Кривична за 20- годишно момче за трговија со кокаин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција реализираше случај на недозволена трговија со кокаин и поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-На 11.03.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња, општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.. При претресот, во собата на Е.А. биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра- е наведено во соопштението на МВР.

По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово. Е.А. e лишеn од слобода и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

2

ТАГОВИ: кокаин кривична пријава

Back To Top