skip to Main Content

Кривична за скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал на пратеници

    2
Кривична за скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал на пратеници

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје повикале 49-годишен скопјанец на разговор затоа што преку Фејсбук ширел ксенофобичен материјал и ја загрозил сигурноста на пратениците.

Станува збор за објави во последните неколку денови, а скопјанецот на разговор во полициска станица бил повикан вчера.

-По наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје Б.Б. на 9.1.2019 е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава- соопшти МВР.

Според првичните сомненија тој е осомничен за загрозување на сигурност и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Од МВР нагласуваат дека ги следат активностите и ги повикуваат граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

2

ТАГОВИ: ЕВР Скопје кривична пријава МВР

Back To Top