skip to Main Content

Кривичен: Oбвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција

    7
Кривичен: Oбвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција

Во однос на вчерашната изјава на Јавниот обвинител на РСМ, Кривичниот суд – Скопје укажува на обвинителството наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот „двор“.

-Судот и судиите работат согласно Законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, Уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна- наведуваат во соопштението од Кривичниот суд.

Од Основниот суд Скопје 1 Скопје, бараат во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања.

7

ТАГОВИ: Кривичен суд обвинителство

Back To Top