skip to Main Content

Констатирани оставките на Груевски и Богоевски

    3
Констатирани оставките на Груевски и Богоевски

На 102. собраниска седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери ги констатираше оставките на поранешниот премиер Никола Груевски и пратеникот Павле Богоевски.

Пратеникот Павле Богоевски, својата оставка ја најави на крајот на минатиот месец на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Оставката следуваше по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која се тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин. Тој потврди дека тоа е неговиот глас, но рече дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.

На местото на Груевски и Богоевски, пратеници ќе бидат Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски од СДСМ.

 

3

ТАГОВИ: Богоевски груевски оставка

Back To Top