skip to Main Content

Конкурс на УКИМ за упис на студенти во 2020/2021

    4
Конкурс на УКИМ за упис на студенти во 2020/2021

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2020/2021 година. Според објавениот Конкурс, слободни се вкупно 10 798 места.

Од нив, 5300 се за идни студенти во редовната квота т.е. кои се финансираат од буџетот на државата, 4438 се слободни за кофинансирање на студиите и 1060 слободни места има за вонредни студенти.

Надоместот за студии за редовни студенти останува како и во изминатите години 200 евра во денарска противвредност, а за студентите со кофинансирање и за вонредни е 400 евра.

Во Конкурсот се наведени условите и критериумите за упис, информации за потребните документи, како и за запишувањето и начинот на бодирање на матурантите за кои годинава немаше полагање државна матура.

Првиот рок за пријавување кандидати за прва година во 2020/2021 на УКИМ ќе биде на 31 август и 1 септември, вториот на 15 и 16 септември и третиот н рок е на 28 септември.

4

ТАГОВИ: конкурс УКИМ

Back To Top