skip to Main Content

Комисијата за заразни болести задолжена да изготви соодветни протоколи за работа на хотелите

    3
Комисијата за заразни болести задолжена да изготви соодветни протоколи за работа на хотелите

Владата денеска го усвои протоколот за постапување при влез на сите лица македонски државјани во земјата. Согласно овој протокол задолжителниот државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, се заменува со домашна изолација доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат негативен ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија.

Од денеска, согласно одлуката на Владата од денешната седница, сите лица кои се спроведени во објектите за државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот во кој се сместени и доколку имаат негативен резултат да бидат упатени во домашна самоизолација.

На оваа седница, на предлог на Министерството за надворешни работи, во соработка со Комисијата за заразни болести, е усвоен протокол за странски дипломати акредитирани во земјата и членови на нивните семејства, кои доколку приложат медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред влез во Република Северна Македонија, ќе можат непречено и тековно да ја извршува својата работа, без упатување во домашна самоизолација.

Освен овие одлуки, на денешната седница на Владата ги задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници, како и да подготват соодветни протоколи за влез и излез на и од територија на Република Северна Македонија.

Беше заклучено дека оваа одлука ќе се донесе врз основа на заедничката координација со земјите од регионот со кои е воспоставена одлична комуникација која најавува дека многу бргу патувањето во регионот ќе биде регулирано во интерес на граѓаните на сите земји.

Второто задолжение од Владата до Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, е да подготви соодветни протоколи за работа на хотелите, односно за начинот на работа со посетители, и за работата во простории на хотелите.

3

ТАГОВИ: владини одлуки карантин

Back To Top