skip to Main Content

Кокаин пронајден кај гостиварци

    2
Кокаин пронајден кај гостиварци

Во возило со гостиварски таблици, во близина на тетовското село Жеровјане, полициски службеници при претрес откриле кокаин, информираат од МВР во дневниот билтен.

-Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово вчера во 22:40 часот во близина на угостителски објект во тетовското село Жеровјане, запреле патничко моторно возило „Ауди А6“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 36-годишниот гостиварец Ш.Б, а во кое како совозач се наоѓал и 42-годишниот М.Ј, исто така, од Гостивар. При нивен и преглед на возилото, пронајден е кокаин- наведуваат од МВР.

Двајцата се приведени во Полициската станица Тетово, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

2

ТАГОВИ: кокаин Тетово

Back To Top