skip to Main Content

Кокаин пронајден во возило, приведени четири лица

    6
Кокаин пронајден во возило, приведени четири лица

Во патничко возило „форд“, во тетовско село Долно Палчиште, со скопски регистарски таблички полициски службеници пронашле кокаин, при што приведени се четири лица, информира МВР.

-На 09.10.2019 околу 04.30 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(27), А.Р.(22) и А.С.(27) од скопските села Копаница и Бојане и М.Ј.(23) од тетовско Палчиште, кои биле во патничко возило „форд“, со скопски регистарски таблички. При нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин- наведуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

6

ТАГОВИ: кокаин МВР

Back To Top