skip to Main Content

Кичеец кој призна вина, денеска ќе ја чуе пресудата

    3
Кичеец кој призна вина, денеска ќе ја чуе пресудата

Првото рочиште за предметот со кодно име „Рекет“, започна вчера во Основниот кривичен суд во Скопје, а денеска јавноста ја чека пресудата за третообвинетиот, Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина.

Кичеец во овој предмет, придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител.

Обвинителката, Вилма Рускоска, која го има под закрила овој предмет, во својот воведен говор истакна дека жртви во овој предмет се граѓаните на оваа држава.

-Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци- изјави Рускоска.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

Бојан Јовановски – Боки 13, кој е првообвинет во овој предмер, рече дека живеел за денот кога ќе може да ја изнесе својата одбрана, зошто е мета на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“.

– Преку овој предмет се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи. Точно е дека сум невработен и со блокирана сметка кога со јавен линч се уништи еден медиум. Притворот ми го уништи здравјето и ги влоши последоците од двете операции правени во болницата на Јордан Камчев. Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави- изјави Боки 13.

Боки 13 ги повика меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција да го следат овој процес.

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е второобвинета во овој предмет, на судењето се изјасни дека не се чувствува вина и дека знае оти Јавното обвинителство нема никакви докази против неа.

– Горда сум на СЈО и тимот што го водев четири години. Горда сум на сите предмети што се отворија. За четири години направивме 171 предмет кои сите во различна фаза ги предадовме на Јавното обвинителство и очекувам тие да имаат завршница. Јас како СЈО во изминатите четири години се изложив лично, како и моето семејство на голем ризик и се уште одам гордо и со крената глава. Очекувам судот да донесе ослободителна пресуда за дело што е инструирано од јавната обвинителка и се надевам дека не се плашите од нејзините закани за „тресење од гаќи“- изјави Јанева.

Судењето продолжува во петок против првообвинетиот Јовановски кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и второобвинетата Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јанева во моментов е во домашен притвор, додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје, каде ја издржува мерката притвор.

3

ТАГОВИ: Боки 13 Катица Јанева кичеец рекет

Back To Top