skip to Main Content

Кичевец во домот чувал 18 паковки хероин и ќеса марихуана

    4
Кичевец во домот чувал 18 паковки хероин и ќеса марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(23) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира МВР.

-При претрес во неговиот дом, извршен на 11.10.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа 18 пакувања хероин, ќеса со марихуана, дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана- стои во дневниот билтен.

На А.М. му е изречена мерка притвор.

4

ТАГОВИ: Кичево МВР хероин

Back To Top