skip to Main Content

Кај 214 возачи утврдено присуство на алкохол-193 останаа без возачки

    3
Кај 214 возачи утврдено присуство на алкохол-193 останаа без возачки

Во периодот од 22.00 часот на 08.11.2019 до 04.00 часот на 09.11.2019 Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите Сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Притоа, кај 214 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, а на 193 од нив им биле одземени возачките дозволи.

Најмногу возачи кои управувале возила под дејство на алкохол биле откриени на територијата на СВР Скопје – 46, СВР Битола – 31, СВР Струмица – 27, на подрачјето на СВР Куманово – 26, на СВР Тетово – 20, на СВР Велес – 19, СВР Штип – 17, СВР Охрид – 12, а 16 биле откриени од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Откриени се и 147 останати прекршоци за што се изречени соодветни казни.

3

ТАГОВИ: возила казни МВР санкции

Back To Top