skip to Main Content

Кандидати за полицајци ќе го регулираат сообраќајот на крстосниците

    2
Кандидати за полицајци ќе го регулираат сообраќајот на крстосниците

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службеници, во периодот од 09.00 – 15.00 часот на 20, 21, 22, 27, 28 и 29 мај на крстосниците кај Сајмиште, Железничка станица, Црвен Крст и Стара Рампа, кандидати за полициски службеници заедно со четворица сообраќајци ќе реализираат практична обука за физичко регулирање на сообраќајот.

-Секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник околу пет до 10 минути- појаснуваат од МВР од каде апелираат граѓаните и возачите да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.

2

ТАГОВИ: кандидати сообраќај

Back To Top