skip to Main Content

Ирена Ристиќ поднесе кривична против European Roma Rights Centre

    20
Ирена Ристиќ поднесе кривична против European Roma Rights Centre

Актерката Ирена Ристиќ, преку својот адвокат Јанаки Митровски, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Сенада Сали и European Roma Rights Centre поради „Лажно пријавување на кривично дело“.

Основното јавно обвинителство на 15 март годинава донесе Решение со кое ја отфрли кривичната пријава против македонската актерка Ирена Ристиќ, кое беше поднесено од Здружението за здравствена, социјална и образовна поддршка  „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ од Скопје, (European Roma Rights Centre) и Здружение на правници Роми, под образложение дека пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност. Јавен обвинител при ОЈО Скопје своевремено ја прифати одбраната на актерката, кој наведе дека искажаното е во согласност со член 10 од Конвенцијата за основни човекови права и слободи односно правото на слобода на изразување. Ова решение беше обжалено од наводно оштетените, но и жалбата е одбиена од Вишото Јавно Обвинителство и решението стана правосилно.

Ристиќ беше пријавена за кривичното дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ по чл. 319 став 1 од Кривичниот законик и за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 став 4 в.в ст. 1 од Кривичниот законик.

 

 

20

ТАГОВИ: Ирена Ристиќ кривична пријава

Back To Top