skip to Main Content

Инспекторка од УЈП обвинета за примање поткуп

    5
Инспекторка од УЈП обвинета за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог  против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик.

-Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која вршела контрола во правното лице, побарала да и бидат дадени 1.000 евра за да не сочини Записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице- наведуваат од ОЈО Скопје.

Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не и биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице  ќе треба да платат парична казна од многу повисок износ.

5

ТАГОВИ: инспекторка јавно обвинителство

Back To Top