skip to Main Content

Инспекторите на терен- затворени пет угостителски објекти, во аптеките не се констатирани неправилности

    3
Инспекторите на терен- затворени пет угостителски објекти, во аптеките не се констатирани неправилности

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари 2021 година, од страна на седумте инспекциски служби се спроведени вкупно 2.608 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во надлежност на инспекторатите.  При тоа, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат, појаснуваат од владиниот прес центар, извршил 1.789  контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони.

-При тоа, ДПИ  изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за  заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени  на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место- стои во соопштението од Владата.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, извршил 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издал вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што преставува намалување во однос на претходниот период.

Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, извршил 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече 4 решенија и еден платен налог.  Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

-Инспекторат за транспорт, во истиот период  изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3 прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници- се вели во владиното соопштение.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 9 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 7 надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што издадени се 3 решенија и спроведени се 15 едукации.

Оттаму велат дека, инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.

3

ТАГОВИ: државен санитарен и здравствен инспекторат инспекција неправилности

Back To Top