skip to Main Content

Излета од пат товарно возило со 25 мигранти

    2
Излета од пат товарно возило со 25 мигранти

Во близина на село Градиште, кумановско, товарно возило „фолксваген“, со бугарски национални ознаки, во кое се превезувале 25 мигранти, излетало од коловозот.

Во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак (седум биле малолетни лица), кои се здобиле со повреди, информира МВР.

Тие биле пренесени во болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

2

ТАГОВИ: мигранти товарно возило

Back To Top