skip to Main Content

Изготвена листа со притворски предмети по кои ќе постапува Кривичен

    5
Изготвена листа со притворски предмети по кои ќе постапува Кривичен

Во Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од денеска па се до следно известување, ќе се судат само предмети во кои еден или повеќе обвинети имаат мерка притвор или куќен притвор, предмети од член 205 и 206 од КЗ поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните и предмети поврзани со нарушување на полицискиот час и другите мерки на Владата на РСМ за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19, а за чие постапување надлежен е судот.

Воедно судот ќе постапува и по сите итни предмети за кои се надлежни кривичните совети, а по кои се постапува на нејавни седници. За таа цел изготвена е листа од 39 притворски предмети, насрочени во следните 30 дена за кои предмети странките кои имаат усна или писмена покана се должни да дојдат на закажаното судење, додека странките во сите други постапки кои не се наведени на листата ќе добијат дополнителни покани за следните термини.

Согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба, усвоена на седница на Влада на РСМ на 30.03.2020 година, судот со новата листа на предмети значително го намали бројот на насрочени расправи, а со тоа и фреквенцијата на луѓе во судот како дел од препораките за заштита од ширење на вирусот.

-Како суд уште еднаш апелираме и до сите странки, кои се дел од новата листа на приоритетни предмети, доследно да ги почитуваат прораките и мерките за заштита, а судот ќе продолжи со редовни дезинфекции на судниците и другите простории, мерење на температурата со бесконтактни уреди на сите кои ќе влезат во судот и задолжение за носење медициснки маски и стерили ракавици- наведуваат во соопштението од Кривичен.

5

ТАГОВИ: Кривичен суд предмети

Back To Top