skip to Main Content

Изгласан и третиот нацрт-амандман

    4
Изгласан и третиот нацрт-амандман

Собранието со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани го утврди XXXV нацрт-амандман на Уставот, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

Пратениците од власта и од опозицијата во текот на дебата останаа на своите позиции за и против промена на Уставот согласно Договорот од Преспа.

За опозицијата власта нема мандат за усвојување на уставните измени, за кои нема ниту консензус, а со него добива само Грција. За владејачкото мнозинство со договорот добива Македонија, се зацврстува државноста и националниот идентитет и се отвора патот за членство во ЕУ и НАТО.

4

ТАГОВИ: Нацрт-амандмани Уставни измени

Back To Top