skip to Main Content

Извршени 2184 контроли во угостителски објекти, 24 не ги спроведувале мерките од Владата

    8
Извршени 2184 контроли во угостителски објекти, 24 не ги спроведувале мерките од Владата

Министерството за внатрешни работи презема мерки за контрола на спроведување на одлуките на Владата.

Во таа насока oд почнувањето со работа на угостителските објекти досега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се контроли во вкупно 2184 објекти при што констатирано е дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада.

Од вкупниот број контроли, 1573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник). 

Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

8

ТАГОВИ: МВР угостителски објекти

Back To Top