skip to Main Content

За не носење заштитни маски регистрирани 284 прекршоци

    3
За не носење заштитни маски регистрирани 284 прекршоци

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 20 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 284 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на  76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

3

ТАГОВИ: заштитни маски МВР

Back To Top