skip to Main Content

Затворски казни за функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури

    7
Затворски казни за функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури

Основниот кривичен суд во Скопје им изрече казна затвор на функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури.

Судот ги прогласи за виновни за уништувале изборен материјал на локалните избори во 2013 година и ги осуди на три и пол години казна затвор.

Според Судот манипулирале со точните резултати на гласовите, односно го зголемиле бројот на гласови на ДУИ, а го намалиле бројот на гласови на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваше обвинетиот Ејуп Алими.

Адвокатите, Еленко Миланов и Мефаил Арслани, изјавија дека пресудата ќе ја обжалат во Апелација.

Во предметот со кодно име „Титаник 3“ беа обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товареа дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Судијката Марија Клетничка го водеше овој предмет, откако судијката Оља Ристова, која првично го водеше овој предмет побара изземање, кое и беше одобрено од страна на претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев.

Застапник на обвинението за овој предмет со кодно име „Титаник 3“ беше обвинителката Фатиме Фетаи.

7

ТАГОВИ: дуи казна затвор Титаник 3

Back To Top