skip to Main Content

Затворски казни за професорите обвинети во предметот „Еразмус“

    7
Затворски казни за професорите обвинети во предметот „Еразмус“
Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 115/16 во јавноста познат како „Еразмус“ со која обвинетите Б.Ш., Д.Ј., С.Р. и Д.Д. ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар, додека обвинетиот С.Д. согласно член 403 од ЗКП се ослободува од обвинение за кривичното дело Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.1 од КЗ.
Имено, како што беше и кажано од судечкиот совет при објавата на пресудата, имајќи ја предвид природата на кривичните дела кои на обвинетите им се ставаат на товар, улогата на обвинетите во образовниот процес, се отвара прашањето за општествената одговорност, свеста и обврската која сите ние ја имаме со цел заштита на угледот на сегашните и идни генерации академски граѓани, и на тој начин да изградиме здраво општество со јасни вредносни критериуми.

Судот при утврдување на фактичката состојба изведе докази кои несомнено укажуваат на фактот дека дел од обвинетите кои се професори на Економскиот факултет во Скопје, ги прекршиле кривично правните норми, но и основните и елементарни морални и етички норми постаувајќи надвор од кодексот кој го налага образовниот процес, пристапот и постапувањето со студентите при полагањето на испитите на овој факултет.

Врз основа на сето изведено судот на обвинетите:

Бобек Шуклев. за кривичното дело Примање поткуп од чл. 357 ст.1 од КЗ му изрече казна затвор во траење од 2 години,

Д.Ј. за кривичните дела Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за против законито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ му изрече единствена казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци,

С.Р за две кривични дела Примање поткуп по чл. 357 ст.1 од КЗ му изрече единствена казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци,

Д.Д. за три кривични дела Давање поткуп по чл. 358 ст.1 од КЗ му изрече единствена казна – алтернативна мерка условна казна во траење од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот не стори ново кривично дело во следните 5 години.

Воедно судот согласно чл. 38-б од КЗ на обвинетие професори им изрекува мерка забрана за вршење професија, дејност и должност во треање од 10 години.

-Професорите ги прекршиле, не само кривичноправните норми, туку и морални и етички норми кои ги налага кодексот во образовниот процес. Овој суд утврди дека Бобек Шуклев преземал дејствија кои му се ставаат на товар, побарал 1000 евра за да напише две оцени, со цел студентот да ги положи испитите. Тоа е утврдено од материјалните докази и ПИ-мерките. Тој побарал од студентот да има сексуални услуги, заедно да престојуваат во ресторани надвор од државата, се со цел да му пише оценка. Тоа е утврдено од видео-материјалот, како и сведоштвото на осудениот Дејан Трајковиќ- рече судијата Владимир Туфекџиќ.

7

ТАГОВИ: еразмус судење

Back To Top