skip to Main Content

Затворен угостителски објект во село Вруток, работел по дозволеното време

    6
Затворен угостителски објект во село Вруток, работел по дозволеното време

Синоќа на 28.02.2021 во 21.20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во село Вруток, гостиварско, сопственост на К.С.(23) од село Вруток, при што констатирале дека објектот работи и внатре биле затекнати 13 лица со сопственикот.

-Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно препораките од Владата, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица- велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против К.С. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

6

ТАГОВИ: вруток ресторан

Back To Top