skip to Main Content

Застаре предметот „Траекторија“, трошоците ќе се наплатат од буџетот на државата

    6
Застаре предметот „Траекторија“, трошоците ќе се наплатат од буџетот на државата

Адвокатот на Груевски кој му беше поставен по службена должност иницираше, а судијата Горан Бошевски денеска констатираше дека на експремиерот Никола Груевски, повеќе не може да му се суди, поради апсолутна застареност на делото.

Според пресудата со буџетски пари ќе се покријат трошоците на Груевски за судска постапка, кои може да достигнат илјадниците евра од надоместоци за адвокатите, па се до евентуални трошоци за вештачења, сведоците и слично.

Овој предмет го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Во предметот со кодно име „Траекторија” обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се судеше во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

6

ТАГОВИ: груевски застареност судење Траекторија

Back To Top