skip to Main Content

Засилени контроли на МВР- без возачка возеле 23 лица, изречени вкупно 376 казни (ФОТО+ВИДЕО)

    5
Засилени контроли на МВР- без возачка возеле 23 лица, изречени вкупно 376 казни (ФОТО+ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 376 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 105 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 35 санкционирани мотоциклисти и пет одземени мотори, 57 мерки за непрописно паркирани возила и 60 возила подигнати со пајак, а изречени се и 100 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

5

ТАГОВИ: акција засилени контроли МВР

Back To Top