skip to Main Content

Започна аплицирањето за бескаматни кредити, поддршка за микро, мали и средни претпријатија

    8
Започна аплицирањето за бескаматни кредити, поддршка за микро, мали и средни претпријатија

Започна аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка за микро, мали и средни претпријатија во справувањето со КОВИД-19.

Развојната банка на Северна Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за првата кредитна линија од 5,7 милиони евра, соопшти на прес-конференција генералниот извршен директор на банката, Кире Наумов.

Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите.

Средствата од Посебниот кредитен фонд се во сопственост на Владата на Република Северна Македонија. Вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000,00 денари.

Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 1.845.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.000 денари и тоа:
• на компании до 10 вработени, може да им се одобри кредит до 307.500 денари;
• на компании со 11 до 50 вработени, може да им се одобри кредит до 922.500 денари;
• на компании со 51 до 250 вработени, може да им се одобри кредит до 1.845.000 денари.

Бројот на вработени се зема од Билансот на успех од последната фискална година. Во случај да не постои ваков податок, кредитобарателот треба да поднесе изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност за бројот на вработени со 31.12.2019 година.

Кредитите се пласират во денари без девизна клаузула.

8

ТАГОВИ: јавен повик ковид-19 развојна банка

Back To Top