skip to Main Content

Запленети 60 килограми марихуана (фото)

    4
Запленети 60 килограми марихуана (фото)

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, во рамки на зголемените активности на Министерството за внатрешни работи во делот на спречување на недозволената трговија со дрога, пресече уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што заплени околу  60 килограми марихуана и од слобода лиши  три лица, албански државјани.

-На 22.12.2018 година во 01,40 часот на магистрален пат Струга-Ќафасан во близина на с. Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. ( 56), Е. Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Република Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната. Од страна на полициски службеници извршен е преглед на лицата и кај нив се пронајдени и одземени седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана- стои во соопштението на МВР.

Од МВР информираат дека во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија.

4

ТАГОВИ: заплена марихуана

Back To Top