skip to Main Content

Заедничко соопштение на Влада на Република Македонија и партијата БЕСА

    6
Заедничко соопштение на Влада на Република Македонија и партијата БЕСА

Државјанството останува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, а прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно, информира Владата во врска со она што е договорено со партијата Беса на Биљал Касами.

Прифатен е и амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани, појаснува Владата во соопштението во кое потврдува дека се надминати разликите со Беса на Касами околу уставните измени.

Договорено е дополнително во Законот за лична карта да се впише и етничката припадност на граѓаните.

-За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности, се додава во владиното соопштение.

6

ТАГОВИ: уставни амандмани

Back To Top