skip to Main Content

Заев- Хан: Институциите без одлагање да ги процесуираат предметите за незаконското прислушување од минатото

    5
Заев- Хан: Институциите без одлагање да ги процесуираат предметите за незаконското прислушување од минатото

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера попладне имаше телефонски разговор со комесарот на ЕУ за преговори, добрососедство и проширување, Јоханес Хан, информираат од владината прес-служба.

Во текот на разговорот премиерот Заев го информирал еврокомесарот Хан за напорите и мерките кои Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“.

-Премиерот Заев ја потврди цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата- наведуваат во владиното соопштение наменето за јавноста.

Премиерот Заев и комесарот Хан, соопштуваат од Владата, се согласија дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото.

Премиерот Заев и комесарот Хан, исто така велат оттаму, заклучија дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието на РСМ, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година.

5

ТАГОВИ: Заев рекет телефонски разговор хан

Back To Top