skip to Main Content

Загина полициски службеник, три лица се со тешки телесни повреди

    3
Загина полициски службеник, три лица се со тешки телесни повреди

Во дневниот билтен МВР информира за немил настан кој се случил вечерва во Куманово, каде загина еден полициски службеник, три други лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно лице е полесно повредено.

-На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово- Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во В.Ц.(37-год.-полициски службеник) и А.М. (25 год, кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во соопштението на МВР е наведено, дека С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34). Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесни повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против него во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава.

3

ТАГОВИ: МВР смртни последици сообраќајка

Back To Top