skip to Main Content

Жена починала во куќа на свои пријатели

    2
Жена починала во куќа на свои пријатели

На 18.05.2019 година во 10.15 часот во Полициската станица Ресен, од Јавната здравствена установа Ресен било пријавено дека во куќата на П.Х. од село Јанковец била пронајдена почината В.К.(55) од село Јанковец, информира МВР.

-Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со сопственикот на куќата и нејзиониот сопруг К.К.. Според нивните изјави, на 17.05.2019 година во вечерните часови сите заедно отишле во куќата на П.Х. и околу 22.30 и е слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала- соопшти МВР во дневниот билтен.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

2

ТАГОВИ: МВР смрт

Back To Top