skip to Main Content

Државниот трудов инспекторат на терен, по пожарот во „Макстил“

    3
Државниот трудов инспекторат на терен, по пожарот во „Макстил“

Во СВР Скопје утрово во 7.53 часот е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48), сите од Скопје и Б.М.(35) од скопско, кои се здобиле со повреди на работно место, во „Макстил”, информира МВР.

Еден од четворицата повредени работници во несреќата што се случи изутрина во фабриката „Макстил” во Скопје е згрижен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) и е во стабилна состојба, а другите тројца се пуштени на домашно лекување.

Причина за несреќата е истекување течен метал во челичаната избувнал пожар, кој е изгаснат, а на терен постапува Државниот трудов инспекторат, информираа надлежните институции.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари од Единицата за противпожарна заштита на град Скопје.

3

ТАГОВИ: макстил повреда пожар работници хаварија

Back To Top