skip to Main Content

Досега осум илјади фирми побарале субвенции за поголеми плати (Видео)

    3
Досега осум илјади фирми побарале субвенции за поголеми плати (Видео)

На денешната прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска на новинарско прашање ги објави податоците за тоа дали компаниите започнале да се пријавуваат за субвенции за придонеси, поради тоа што на 15 декември истече рокот за исплата на ноемвриската плата.

– Имаме податок дека досега 8.000 работодавачи овозможиле кај 45.000 вработени да си го остварат правото на субвенционирање. Додека 1.300 работодавачи за 47.000 вработени лица сè уште не го оствариле правото да субвенционирање, поради тоа што станува збор за одредени технички грешки кои што очекуваме дека ќе се надминат во наредниот период. Значи станува збор за 58 милиони денари, бидејќи за месеците октомври и ноември се направени одредени исправки, а декември е сè уште во тек и до крајот на годината ќе го имаме и тој податок – рече директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

3

ТАГОВИ: ДДВ земјоделци сања лукаровска субвенции УЈП

Back To Top