skip to Main Content

Донесени протоколи за работа на казината и автомат клубовите

    6
Донесени протоколи за работа на казината и автомат клубовите

Владата на Република Северна Македонија на 71-та седница одржана на 22 јуни 2020 година го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за престанување на точката 9 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и со тоа се овозможува да се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на Општина Тетово, и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово, Ростуше и град Скопје.

На оваа седница е донесен и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во казино.

Владата го донесе и Протоколот за постапување на средните училишта за време на полагањето на квалификацискиот испит во учебната 2020/2021 година.

На оваа 71-ва седница на Владата се донесени изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена.

Притоа, посочуваат од Владата, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати.

6

ТАГОВИ: казина протокол

Back To Top