skip to Main Content

Дискусија со студентите на тема „Легализација на канабис за рекреативна употреба – бенефити и последици“

    6
Дискусија со студентите на тема „Легализација на канабис за рекреативна употреба – бенефити и последици“

Рекреативната употреба на канабис сè уште претставува табу тема во Македонија, а правниот систем уживателите ги третира како криминалци. По повод оваа тема во аулата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, на 21 мај со почеток во 17 часот ќе се одржи третата дискусија во рамките на проектот „Дискусии со професорите“ на тема „Легализација на канабис за рекреативна употреба – бенефити и последици“.

Ваквата легислативна поставеност заостанува зад современите општествени текови кои се повеќе се придвижуваат кон легализација на канабисот. Во однос на производството за медицински цели, експертите тврдат дека моменталните правила се единствено во корист на крупниот капитал, додека пак просечниот граѓанин се сведува единствено на корисник на услугата.

Панелисти на оваа дискусија ќе бидат Проф. Д-р Никола Тупанчевски и Адвокат Јанаки Митровски, основач на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“.

На оваа дискусија, панелистите ќе дадат свое видување во која насока треба да се движи легислативата во нашата држава и кои би биле бенефитите и евентуалните последици од легализацијата на канабисот за рекреативна употреба.

 

6

ТАГОВИ: дискусија Правен факултет професори

Back To Top