skip to Main Content

Директорот на УБК зеде учество на безбедносно-разузнавачки состанок на НАТО

    2
Директорот на УБК зеде учество на безбедносно-разузнавачки состанок на НАТО

Директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање Горан Николовски зеде учество на безбедносно – разузнавачки состанок на НАТО, на тема ,,Соработката и борбата против тероризмот,, што се одржува во Пула, Република Хрватска, во коорганизација на хрватската безбедносно-разузнавачка агенција (СОА) и словенечката безбедносно разузнавачка агенција (СОВА).

Во текот на дводневните активности на состанокот повеќе од стотина експерти од триесетина држави и од органи на НАТО алијансата, како и партнерски држави, а меѓу нив и Директорот на УБК при Министерството за внатрешни работи Горан Николовски, претставници од Агенцијата за разузнавање и Воено разузнавачката агенција од Република Северна Македонија, ќе разговараат за мерките и активностите што се спроведуваат во превенирањето и сузбивањето на тероризмот.

2

ТАГОВИ: Горан Николовски НАТО УБК

Back To Top