skip to Main Content

Дескоска учествува на Регионален стратешки дијалог за борба против недозволената трговија

    4
Дескоска учествува на Регионален стратешки дијалог за борба против недозволената трговија

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска е во дводневна посета на Меѓународниот институт за правда и човекови права од Сиракуза каде ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија во Југоисточна Европа.

Во рамки на оваа меѓународна конференција министерката Дескоска оствари средба со претседателот на Меѓународниот институт за правда и човекови права во Сиракуза, судијата Жан Франсоа Тони, и Филипо Муска директор на институтот.

Дијалогот ќе ги опфати и вклучи министрите и другите високи национални функционери од целиот регион, како и клучните регионални и меѓународни партнери посветени на борбата против недозволената трговија.

Целта на настанот е да се вклучат клучните национални, регионални и меѓународни лидери и креатори на политики во стратешки дијалог за заедничките предизвици и стратешки можности во борбата против недозволената трговија на Југоисточна Европа.

Главната цел на проектот е да го подобри одговорот на кривичното право во однос на недозволената трговија, преку поддршка на националните правосудни системи во дванаесет земји од регионот.

4

ТАГОВИ: Дескоска недозволена трговија

Back To Top