skip to Main Content

Дескоска на меѓународна конференција во Индија

    3
Дескоска на меѓународна конференција во Индија

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска деновиве како почесен гостин учествува на 20 Меѓународна конференција на врховни и уставни судии од светот, која се одржува во Лакнау, Индија.

Темата на овогодинешната конференција е „Обединување на светот за правата на децата преку применливо меѓународно право и ефикасно меѓународно владеење“.

Во рамките на конфернецијата, министерката за правда ќе се обрати на првата пленарна сесија посветена на владеењето на правото и човековите права.

На конференцијата покрај судии учествуваат и министри за правда, претседатели на парламенти и поранешни шефови на држави.

-Не смеете да ја загубите вербата во човештвото. Човештвото е океан; ако неколку капки од океанот се нечисти, нема и целиот океан да биде валкан– Мохандас Карамчанд Ганди- напипа на Фејсбук Дескоска, која при посетата на Индија положи цвеќе на местото на кое почива Махатма Ганди.

Ганди предводел повеќе ненасилни движења и протести како граѓанската непослушност и несоработката со властите, кои иако траеле долги години, сепак довеле до независност на Индија, а токму затоа Ганди го нарекуваат и „таткото на Индија“.

3

ТАГОВИ: индија конференција рескоска

Back To Top