skip to Main Content

Дескоска и Поповски ќе земат учество на конференција посветена на намалување на корупцијата

    3
Дескоска и Поповски ќе земат учество на конференција посветена на намалување на корупцијата

Министерката за правда Рената Дескоска и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, денеска (среда, 29 мај), ќе учествуваат на конференцијата посветена на „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Здружението на граѓани Конект.

Министерката Дескоска на конференцијата, која започнува во 11:00 часот во хотелот Холидеј Ин, ќе има свое воведно обраќање на панелот „Важноста на интегритетот и намалувањето на корупцијата во бизнис секторот“, додека министерот Поповски ќе говори на панелот на тема „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“.

3

ТАГОВИ: Дескоска конференција корупција Поповски

Back To Top