skip to Main Content

Дескоска во Стразбур: Случајот „Ел Масри“ затворен – сите обврски се исполнети

    6
Дескоска во Стразбур: Случајот „Ел Масри“ затворен – сите обврски се исполнети

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска учествува на сесија на Комитетот  на  министри кој го надгледува извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Напорите на Владата и на Министерството за правда во спречувањето тортура и несоодветен третман како и спречување на нивната неказнивост, беа признати од Комитетот со затворање на надзорот врз случајот „Ел-Масри“, и спуштање на нивото на надзор во случајот „Хајрулаху“.

Во случаите „Ел Масри“ и „Хајрулаху“, Судот во Стразбур утврди, меѓу другите и повреда на членот 3 од Конвенцијата.

Во својот говор министерката Дескоска ја нагласи посветеноста на Северна Македонија за почитување на човековите права, владеењето на правото и градење на демократијата.

Со исполнување на сите обврски во случајот „Ел-Масри“ , испративме порака до сите европски држави дека нема толеранција за тортура и дека особено е значајно да се почитуваат правата -дури и во деликатни ситуации кога постои закана за тероризам или за безбедноста.

-Владата воспостави надворешни контролни механизми во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права во случаите „Ел – Масри“ и „Хајрулаху“ – истакна Дескоска.

Надзорната структура е воспоставена преку Посебното одделение за истраги на лица со полициски овластувања, како и надзор од Народниот правобранител и граѓанското општество.

На крајот на дебатата, Комитетот донесе финална резолуција за затворање на случајот „Ел- Масри“ и спуштање на надзорот над имплементација над случајот „Хајрулаху“, за чие целосно затворање се потребни измени во Кривичниот законик.

6

ТАГОВИ: Дескоска ел масри стразбур

Back To Top