skip to Main Content

Дескоска: Уставниот суд мора да ја преземе улогата на заштитник на Уставот и уставноста

    3
Дескоска: Уставниот суд мора да ја преземе улогата на заштитник на Уставот и уставноста

Уставниот суд мора да се постави како орган, што ќе обезбедува заштита и ќе ги промовира човековите права и уставните вредности, односно ќе прави баланс и ќе ја враќа хармонијата на правниот систем преку усогласување во рамките на уставниот систем, беше истакнато на работната сесија за „Реформите во Уставниот суд поврзани со Поглавјето 23“, на третата работна група од Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија.

Според министерката за правда Рената Дескоска, Уставниот суд несомнено има една од најзначајните улоги во заштитата на човековите права, грижата за уставноста и законитоста во земјата.

-Уставниот суд мора да ја преземе улогата на заштитник на Уставот и уставноста, а не да биде фактор којшто ќе предизвикува уставни земјотреси- напиша на Фејсбук актуелната министерка за правда Рената Дескоска.

3

ТАГОВИ: Дескоска Уставен суд

Back To Top