skip to Main Content

Дескоска: Намерното застарување на предметите е основ за разрешување на судиите

    3
Дескоска: Намерното застарување на предметите е основ за разрешување на судиите

Намерното застарување на предметите е основ за разрешување на судиите, ова е посочено во денешното писмо упатено до претседателите на судовите и претседателот на Судскиот совет. од актуелната министерка за правда Рената Дескоска.

-Како основа за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, се предвидени случаите кога судијата без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени или на друг начин ја одолговлекува судската постапка. Друг основ за утврдување одговорност е доколку судијата не го земе предметот во работа заради што настанува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривичното дело- напиша на Фејсбук Дескоска.

Понатаму, во писмото се укажува на тоа дека доколку претседател на суд не го извести Судскиот совет за сторена потешка дисциплинска повреда на законот од членовите 75, 76 и 77, од страна на судијата – доколку настанувањето на повредата му била позната, а непријавувањето е заради прикривање на истата, тогаш тоа е основ за поведување на постапка за разрешување од функцијата претседател.

3

ТАГОВИ: Дескоска писмо разрешување судии

Back To Top