skip to Main Content

Дескоска: Антонио од секогаш си бил фејкер, се згрозувам од грозоморноста на твоите нарачки

    11
Дескоска: Антонио од секогаш си бил фејкер, се згрозувам од грозоморноста на твоите нарачки

Министерката за правда, Рената Дескоска, му одговори на пратеникот Антонио Милошоски, во врска со неговиот статус на социјалните мрежи, дека наводно нејзин братучед од СЈО земал 60.000 евра.

Во врска со ова тврдење, Милошоски напиша: „И Рената знае да помогне, Перо Бошков 60.000 евра од СЈО“, а потоа следуваше и одговор од министерката за правда.

-Е Антонио, Антонио… Од секогаш си бил фејкер. Цел живот си се занимавал со местенки… Кога ќе ми текне на јавно презентираниот разговор во кој Јанкуловска се чуди дека си предлагал некому да му се подметнат лажни лични карти со што си можел да го наместиш во затвор, се згрозувам од грозоморноста на твоите нарачки… Да не споменувам поигрување со човечки судбини да нарачуваш лустрација за судија… Очигледно е дека барањето за автентично толкување Ве извади од памет, па почнавте со приказните… во Ваш стил… без грам морал и чесност…- пишува актуелната министерка за правда на својот Фејсбук профил.

-Прво, Бошков не ми е братучед, туку сват, кој ништо од својата кариера, образование или имот не ми должи мене. Ниту сум го магистрирала, ниту сум го докторирала, ниту сум го вработила. Човекот е постар од мене… Второ, не знам што работел во СЈО, ниту колкав е неговиот придонес. Мојот став кон него е еднаков како кон сите останати во иста или слична положба. Никогаш не би бранела роднина, ако направил нешто незаконско. Тоа можеш да го видиш од примерот со Трајко Вељановски. Со него, имам крвна роднинска врска, за разлика од Перо Бошков, со кој немам ни капка крв заедничка. Но роднинството со некој не ме спречува да осудам се што е зло и нечовечко, како на пример 27 април, кој ти го помина во кабинетот на Трајко. Што си правел таму, ти знаеш…- напиша Дескоска на Фејсбук.

11

ТАГОВИ: Дескоска лажго милошоски фејкер

Back To Top