skip to Main Content

Денеска и утре денови на жалост поради сообраќајката во која загинаа 14 лица

    2
Денеска и утре денови на жалост поради сообраќајката во која загинаа 14 лица

Денеска и утре, 14 и 15 февруари, се прогласени за денови на жалост поради тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Скопје – Тетово.

Последната бројка на починати, како што соопшти синоќа премиерот Зоран Заев, достигна 14, а шест лица се борат за живот.

На Деновите на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Увидот на местото на несреќата треба да продолжи утрово во осум часот.

2

ТАГОВИ: Денови на жалост сообраќајка

Back To Top