skip to Main Content

Демант на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за хеликоптерски услуги за граѓаните

    5
Демант на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за хеликоптерски услуги за граѓаните

Изнесените наводи на прес-конференцијата, одржана на ден 12.08.2019 година, на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, од страна на генералниот секретар, Игор Јанушев, дека се подготвува коруптивна набавка на хеликоптер за медицински цели во вкупна вредност од 72 милиони евра, се шпекулации, незнаење и дезинформации, потенцираат во демант од Владата.

Владата на Република Северна Македонија подготви проект за воспоставување на јавно приватно партнерство за SAR (search and rescue), потрага и спасување, односно хеликоптерска потрага и спасување HEMS (Helicopter Emergency Medical Service) хеликоптерски итни медицински услуги по примерот на развиените западно-европски земји.

Со воспоставувањето на јавното приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат услуги и тоа:

  • Бесплатно користење на ХЕМС И САР услуги;
  • По истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Република Северна Македонија;
  • Се градат капацитети за слетување/полетување, хелиодроми, во повеќе градови во Република Северна Македонија;
  • За целото времетраење на договорот, приватниот партнер на годишно ниво, ќе плаќа надоместок на Република Северна Македонија;
  • На овој начин, со воспоставувањето на ова јавно-приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат придобивки кои нема да ги чинат ништо.

Ова е пример за јавно-приватно партнерство, кое во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо и неостварливо, истакнуваат во демантот од Владата.

5

ТАГОВИ: Влада ВМРО-ДПМНЕ демант

Back To Top