skip to Main Content

Демант: Возилото во кое влегува Дескоска е приватно

    2
Демант: Возилото во кое влегува Дескоска е приватно

Во дел од медиумите беше пренесена лажна вест дека министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска го користи службеното возило за да оди на собирот за поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Министерството за правда изнесе во јавноста демант, во кој вели дека ваквите објавени содржини се манипулативни и невистинити.

-Најостро ги демантираме и бараме најпрвин повлекување на ваквата вест, а потоа и јавно извинување од страна на оние кои ја споделија веста без да направат проверка на фактите. Сите знаат дека службените возила на министрите, како од претходната влада, така и оваа, се Фолксваген – Пасат, а не како што се тврди лажно со објавената слика во која министерката влегува во возило “Мерцедес”, кое е во приватна сопственост- стои во демантот од министерството.

Наедно, оттаму потенцираат дека лесно може да се провери сопственоста на возилото, дека истото не е дел од возниот парк на Министерството за правда, ниту пак Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), ниту пак на било која друга јавна институција.

На митингот, напиша министерката Фесјбук, заминала со приватно возило на нејзин сопартиец кој одел на истиот митинг.

-Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност- напиша Дескоска.

Единствениот кој досега се возеше во она на “М” купено со државни средства, е бегалецот од правдата, г. Никола Груевски, стои во демантот од Министерството за правда.

2

ТАГОВИ: демант Министерство за правда

Back To Top