skip to Main Content

Делегација од Министерството за правда во посета на Министерството за правосудство на Р. Словенија

    7
Делегација од Министерството за правда во посета на Министерството за правосудство на Р. Словенија

Во рамките на проектот “IPA2017/Countering serious crime in the Western Balkans”, делегација од Министерството за правда на Република Северна Македонија предводена од државниот секретар Фатон Селами оствари посета на Министерството за правосудство на Република Словенија и Врховниот суд на Република Словенија.

Тема на посетата беше преносот на Европското законодавство во националниот правен систем на подрачјето на меѓународната правна помош, искуството на Р. Словенија во извршувањето на принципот на директната соработка и извршувањето на одлуките на правосудните органи на државите членки на ЕУ, како и за европскиот информациски систем на казнената евиденција.

На состаноците се разговарало и за соработката меѓу правосудните органи во граѓанската материја и за други актуелни теми.

7

ТАГОВИ: Министерство за правда Словенија

Back To Top