skip to Main Content

Девет мигранти откриени во струмичко село

    5
Девет мигранти откриени во струмичко село

Кривична пријава и притвор во траење од осум денасе одредени на 21- годишно лице за кое се верува дека криумчарело мигранти од Пакистан, инфомрира МВР.

-На 16.02.2019 во 00,15 часот во атар на село Ново Село, струмичко, пронајдени се девет мигранти од Пакистан кои биле симнати од патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки- е наведено во дневниот билтен на МВР.

По преземени мерки во 00,30 часот во Радовиш во врска со овој случај сопрено е возилото, управувано од М.В.(21) од Велес.

Против лицето е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

5

ТАГОВИ: кривична мигранти притвор

Back To Top