skip to Main Content

Деветнаесетгодишник прегази девојче во Кавадарци

    3
Деветнаесетгодишник прегази девојче во Кавадарци

Деветнаесетгодишен возач со автомобил удрил во девојче во Кавадарци, информира МВР во дневниот билтен.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 18.30 часот на ул. „9 Бригада“ кога автомобил „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19) од Кавадарци, удрило во девојче, кое се здобило со повреди и било пренесено во болница.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

3

ТАГОВИ: сообраќајка

Back To Top