skip to Main Content

Две лица под истрага за запленетиот кокаин, две ослободени

    4
Две лица под истрага за запленетиот кокаин, две ослободени

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по  член 215 од Кривичниот законик, соопшти вчера ОЈО.

-Врз основа на прибраните докази и изјавите на лицата кои беа лишени од слобода во село Кушопек во врска со запленетиот кокаин, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје вчера достави Предлог за определување на мерка притвор за сопственикот на фирмата увозник на овошјето, додека за второ осомниченото лице предложи мерки за обезбедување присуство- стои во соопштението.

Останатите две лица се ослободени, а осомничените вчера вечерта беа изведени пред Судија на претходна постапка.

По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.

4

ТАГОВИ: кокаин крушопек ОЈО

Back To Top